Македонија

Натписот на бугарскиот клуб во Битола е премачкан со црна боја

Натписот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е премачкан со црна боја.

Централниот регистар го избриша овој бугарскиот клуб. По него, Регистарот го избриша и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид, откако на 30 март министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженијата и фондациите. Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженијата и фондациите донесени лани во ноември, но не го направија тоа. Охридскиот клуб во повеќе наврати беше вандализиран, додека пејачот Ламбе Алабаковски ја потпали вратата на бугарскиот клуб во Битола за што доби условна казна.

Фото: Бабам Битола

На почеток