Бугарскиот клуб во Битола со нова провокација: Македонија е под протекторат


Нова провокација доаѓа од бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов кој е отворен во Битола. Ова е ставот на граѓаните кои ја коментираат најновата објава на фејсбук.
Во неа стои некаков си цитат во кој ја оспоруваат државотворноста и независноста на Македонија. Според објавата Македонија е земја со која управуваат две други странски држави.
„Паролата на студентите:
Долу експонатите на србизмот,
Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!”, „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев!!
Обвинението на крвниците:
Така, под раководство на обвинетиот Калкашев – истите се организираат во организација која што има за цел борбата против денешната ФНРЈ и нејзиниот уставен поредок и одвојување на Н.Р Македонија од составот на ФНРЈ во некаква си „Автономна Македонија” на чело со крволокот на мак. народ Ванчо Михајлов, а под протекторат на Англија и Америка“; стои во објавата.
Бугарскиот културен клуб во Битола беше оспорен од граѓаните, а неговото име уште не е утврдено дали смее да биде применувано и за тоа има комисија во министерството за правда која треба да одлучи каква ќе биде иднината на ова здружение чие седиште беше и запалено.
