Коментари

Европската комисија со „едукативна мапа“, греѓаните навредени: „Изгледа има голем национален парк на Балканот населен со мечки“

Европската комисија на социјалните мрежи објави едукативна содржина, поточно илустрирана мапа, каде што на секоја европска земја има нацртани симболи со нејзините културни, историски и природни знаменитости.

Така, гледајќи ја оваа карта, поголемиот дел од Блаканот е обоен со зелена боја, а единствените симболи што се нацртани се кафеава мечка и камениот мост над Дунав.

Проблемот, судејќи според реакциите, беше што во описот пишуваше дека содржината е од едукативен карактер.

„Во духот на утрешниот Ден на младите, играме игра. Можете ли да ги најдете сите икони на мапата?“, стои во описот на објавената фотографија.

Токму тоа предизвика низа остри коментари против мапата и против Европската комисија.

„Поздрав од земјата на мечките на Западен Балкан!!! Се надевам дека во блиска иднина ќе ја корегирате вашата мапа и ќе додадете нешто позабележително за нашите најстари културни и цивилизациски знаменитости. Јас сум од Скопје, и не сум дивјак како што ни покажавте. Го имаме Камениот мост во Скопје и родното место на Јустинијан Први, го имаме местото за набљудување на просторот Кокино кој датира од пред 4.000 години, имаме кирилично писмо од Охрид и многу други знаменитости“, „Се чини дека има голем национален парк на Балканот населен со мечки“, коментираат под фотографијата.

На почеток