Литванија по ултиматумот на Русија: Добивме одобрение
По еден вид ултиматум што Русија и го испрати на Литванија поради транспортната блокада на Калининград, се огласи и Литванија.
Имено, литванскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека неговата земја донела ваква одлука по консултации и по добиеното одобрение од Европската комисија.
На самитот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, Габриелиус Ландсберг изјави дека неговата земја од 17 јуни го забранила железничкиот транзит на секаква стока од Русија, која е под санкции на ЕУ, преку нејзина територија.
„Оваа одлука беше донесена по консултации со Европската комисија и беше спроведена под водство на ЕК“, објасни Ландсберг.
Шефот на Калининградската област минатата недела предупреди дека официјален Вилнус планира да го запре целиот железнички сообраќај на руска стока низ својата територија, а Москва денеска објави дека „доколку ЕУ не ја поправи ситуацијата со транспортната блокада на Калининград, официјална Москва сама ќе го преши проблемот“.