Свет

Украина изврши ракетен напад врз нафтени платформи

Вооружените сили на Украина извршија ракетен напад врз нафтените платформи на „Черноморнефтегаз“, изјави лидерот на Крим, Василиј Аксјонов.

Нападот е извршен на нафтен извор кој се наоѓа на 71 километар од Одеса.

„Непријателот утринава пукашше кон нафтени бунари на платформите на „Черноморнефтегаз“. Во контакт сум со колегите од Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија, работиме на спасување луѓе“, напиша Аксјонов на Телеграм.

Според него, петмина од 12-те лица кои работеле на платформите се спасени, а тројца од нив се повредени. Двајца повредени се со тешки изгореници, додека еден маж е тешко повреден од шрапнели. По останатите се трага.

Во спасувачката акција учествуваат патролни бродови и авијација.

Според зборовите на кримската сенаторка Олга Ковитиди, нафтената платформа БК-1 била најмногу оштетена, додека на платформите БК-2 и БК-3 нема жртви.

Таа додаде дека работата на сите три платформи е прекината и дека снабдувањето со гас е прекинато со цел да се задуши пожарот и да се спречи евентуална експлозија на местото, која би ја загрозила и Одеса.

На почеток