Еруптираше вулкан на Филипините

Од
Објавено на

Вулкан лоциран југоисточно од Манила денеска исфрли столб од пепел и пареа висок речиси еден километар, во ерупција што траеше 17 минути, расфрлајќи пепел во околните села и вознемирувајќи ги локалните жители, соопштија филипинските власти.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија го подигна нивото на тревога на планината Булусан во провинцијата Сорсогон, но соопшти дека нема знаци дека ќе дојде до посилна ерупција, пренесува АП.
