Свет

Евакуиран Бајден од неговиот дом во Делавер

Американскиот претседател Џозеф Бајден беше евакуиран од неговиот дом во Делавер, каде што е на одмор.

Тој бил евакуиран откако мал приватен авион навлегол во забранетиот воздушен простор околу тој објект, објавија Белата куќа и американската тајна служба.

Белата куќа наведува дека нема закана за Бајден и неговото семејство и дека се преземени мерки на претпазливост.

Откако била проценета ситуацијата, Бајден и неговата сопруга Џил се вратиле во својата куќа, пренесува АП.

Тајната служба соопшти дека авионот бил итно испратен надвор од забранетиот воздушен простор откако по грешка влегол во него.

Агенцијата најави дека ќе го сослуша пилотот, кој, според првичните резултати од истрагата, не бил на соодветниот радио канал и не го почитувал планот на патот.

Според стандардната процедура, кога претседателот патува надвор од Вашингтон, Федералната управа за авијација најавува ограничувања на летовите една недела пред неговото патување.

Ограничувањата вклучуваат зона на забранети летови во радиус од 10 милји (околу 16 километри) во ограничена зона од 30 милји (околу 48 километри).

На почеток