Свет

Северна Кореја истрела осум балистички ракети

Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел кон морето од нејзиниот источен брег, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека денешното лансирање севернокорејски ракети „не може да се толерира“, пренесува Ројтерс.

Киши на прес-конференцијата рече дека најмалку една ракета е со променлива патека, наведува британската агенција.

На почеток