Актуелно

Во Мариупол постои можност за појава на епидемија, градот нема вода за пиење

Мариупол се соочува со недостиг на вода за пиење, изјави Петро Андрушенко, советник на градоначалникот на Вадим Бојченко.

Андрушенко, кој не е во Мариупол, вели дека луѓето треба да се регистрираат за да добијат вода за пиење два дена и тврди дека водата што ја обезбедуваат руските „окупаторски“ власти не е добра за пиење, пренесува Си-Ен-Ен.

Штетата што ја претрпе Мариупол за време на двомесечното воено уништување е толку голема што локалните власти поддржани од Русија мора целосно да ги обноват основните комунални услуги како струја, гас и вода.

– Количината на вода порано беше недоволна, но сега има недостиг. Потребно е да се регистрирате за да добиете вода за пиење. Следува раст на температурите, пад на нивото на водата и уште поголем недостиг – предупреди Андрушенко, пренесува Си-Ен-Ен.

-Без вриење таа вода не се пие, а освен оган на отворено нема други можности да се вари, рече Андрушенко, предупредувајќи повторно на можноста од епидемија поради огромните количини ѓубре и „многубројните трупови закопани во плитки гробници низ градот.

Тој оцени дека е тешко да се предвиди каква епидемија му се заканува на Мариупол, предупредувајќи на опасност од појава на колера или некоја друга вирусна инфекција на гастроинтестиналниот тракт.

– Дизентеријата може да убие десетици илјади. Во Мариупол недостигаат лекови, лаборатории, вакцини, се на што сме навикнати – предупреди Андрушенко, иако досега нема потврдени информации за дизентерија или други болести во Мариупол.

На почеток