Свет

НАТО започна поморска вежба, ќе учествуваат над 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји

Во неделата НАТО започна поморска вежба во Балтичкото Море, која ќе трае речиси две недели. Во нив учествуваат и Шведска и Финска.

На вежбата на НАТО ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји.

Годишната поморска вежба BALTOPS 22, започната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, но според АП, Организацијата на Северноатлантскиот договор рече дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зголеми отпорноста и силата во непредвидлив свет“.

Американскиот генерал Марк Мили, командант на Здружените сили на САД, рече дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Тој рече дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе биде „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а BALTOPS 22 ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.

To Top