Голем пожар на албанскиот остров Сазан

Од
Објавено на

Албанскиот остров Сазан е зафатен од голем пожар кој се заканува да проголта стотици хектари шума, пренесува Албени пост.
Постои опасност пожарот да стигне и до поранешната воена база каде се наоѓаат експлозивните направи.
Според соопштението на Министерството за одбрана, пожарникарите продолжуваат да работат на гаснење на пожарот. Во моментов голем број припадници на морнарицата, армијата и пожарникарите го гаснат пожарот.
Густата вегетација ја отежна интервенцијата на спасувачите.
Во текот на минатото лето во Албанија беа забележани голем број пожари, некои беа подметнати, но нема загинати.
