Северодоњецк е наш, тврди Кадиров
Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм објави уште едно видео кое, како што наведе, потврдува дека руските војници ја контролираат станбената зона на градот Северодонецк во самопрогласената Луганска Народна Република.
„Неколку пати кажував и потврдував со видео снимки дека целата станбена област на Северодонецк е окупирана, но нацистите тврдоглаво им ја полнеа главата на украинската и светската заедница дека Северодонецк е под контрола на вооружените сили на Украина. Алаудинов сними уште едно видео специјално за нас“, напиша Кадиров на Телеграм.
Кадиров објави видео на кое неговиот помошник во единицата за безбедност Апти Алаудинов шета низ градот со автомобил со регистарски таблички на Ахмат, град во Чеченија, и ја покажува зградата на градската управа, како комуницира со продавачите, пренесе РИА Новости.