Москва: Србија мора да реагира, крајно остро!
Реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за Сергеј Лавров треба да биде заедничка и крајно остра, соопштија од Москва.
Да потсетиме, министерот за надворешни работи на Русија требаше да го посети Белград во вторник, на 7 јуни, но тоа пристигнување беше одложено откако три земји го забранија летот на авионот во кој требаше да биде Лавров. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.
Официјално, се очекува за тоа да разговара и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, со кој денеска разговара претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вечерва во 19.30 часот ќе им се обрати на граѓаните.
Заменик-претседателот на Советот на Федерацијата Русија, Константин Косачев денеска изјави дека реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за авионите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба да биде заедничка и крајно остра. .
„Денешниот демарш, се разбира, не е поврзан со авионот. Тој е насочен против Русија како држава и против Србија како држава. Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во формат не само дипломатски протест , но и конкретни, практични одговори“, напиша Косачев на својот канал Телеграм.
Според него, сегашното колективно одбивање на Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија да го пуштат авионот на Лавров во Србија, без сомнение, не е одлука на овие три земји.