ФОТО: Се исуши и искрши зелениот кров над ГТЦ платен над половина милион евра
Од
Објавено на
Исушено зеленило, искршени даски и кабли се фотографиите од крофот на ГТЦ кои деновиве се проширија на социјалните мрежи.
Граѓаните реагираа и бараат одговорните за одржувањето на јавните површини треба да се грижат за нив, за тревниците, дрвјата, цвеќето.
„Кровот на ГТЦ плаче за селфи од Горјан и советниците од Зелен Хуман Град“, стои во описот на фотографиите.
Кровот на ГТЦ плаче за селфи од Горјан и советниците од Зелен Хуман Град. pic.twitter.com/RzxrCl5v8L
— Крушка (@Krushka19) June 5, 2022
Зелениот покрив на Градскиот трговски центар пред три години беше пуштен за посетители и за истиот беа издвоени 550.000 евра.