Свет

Руските универзитети се исклучени од Болоњскиот процес

Сите руски универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, изјави денеска заменик министерот за наука и високо образование Дмитриј Афанасиев.

Тој изјави дека Болоњската група на 11 април објавила дека ќе ја укине застапеноста на Русија и Белорусија во сите сродни структури.

– Имајќи предвид дека нашите ректори, раководителите на образовните институции го потпишаа обраќањето на Руската Федерација на Ректори за поддршката на претседателот во врска со специјалната воена операција, всушност сите образовни организации во земјата се исклучени од Болоњскиот процес. Би рекол дека Болоњскиот систем не остави нас, а не ние него – рече заменик министерот.

Според него, воведувањето на основни и магистерски програми не го подобрило нивото на компетентност на студентите.

Болоњскиот процес настана откако министрите за образование на 29 европски земји ја потпишаа Болоњската декларација за реформа на европскиот систем за високо образование во 1999 година во Болоња.

На почеток