Свет

Небензја го напушти Советот за безбедност за време на говорот на Шарл Мишел

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, ја напушти салата на седниците на Советот за безбедност, по обвинувањата на сметка на Москва од шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Според РИА Новости, Мишел се обидел да ја префрли целата одговорност за глобалната криза со храна на Кремљ и ја обвини Русија за блокирање на украинските пристаништа и крадење жито.

Небензја не сакаше да го слуша неговиот говор и ја напушти салата, додека неговиот заменик во ОН, Дмитриј Пољански, го привлече вниманието на „огромното количество неосновани обвинувања од западните партнери“.

„Спротивно на фактите, и Шарл Мишел не обвини дека предизвикуваме криза со храна. Тој зборуваше толку смело и грубо што постојаниот претставник на Русија ја напушти салата. Неверојатно е колку Европската унија и нејзините лидери се деградираа“, напиша Полјански на Телеграм.

На почеток