Актуелно

Семејствата на убиените руски гардисти ќе добијат по 80.000 долари

Семејствата на припадниците на руската национална гарда, кои загинаа во конфликтите во Украина или Сирија, ќе добијат еднократна помош од пет милиони рубљи (околу 80.000 долари), се вели во декретот на Кремљ објавен денеска.

Указот го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека пари ќе добијат и семејствата на загинатите во „специјалната воена операција“ во украинските региони Доњецк и Луганск, објави Гардијан.

Путин ја создаде Националната гарда во 2016 година со цел да го одржува јавниот ред и да се бори против тероризмот.

На почеток