Актуелно

Прајс: Србија да се фокусира на својата цел за членство во ЕУ

Реакција на Стејт департментот стигна по одлуката на државите од регионот да не дозволат прелетување на Лавров.

Стејт департментот по повод одлуката на Црна Гора, Бугарија и Македонија да не дозволат прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат за Белград, соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, одразувајќи Решеноста на Европа да ја покани Русија“ да одговара „за нападот врз Украина.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека САД ја повикале „Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската унија, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, пренесе Гласот на Америка.

„Постојано ја повикуваме Србија да преземе чекори за да напредува на европскиот пат, вклучително и диверзификација на изворите на енергија, намалување на енергетската зависност од Руската Федерација и усогласување на надворешната и безбедносната политика со Европската унија. Ние продолжуваме да сакаме да бидеме партнер на Србија и да и помогнеме во напорите да ја зајакне енергетската безбедност на долг рок“, рече Прајс.

На прашањето на Гласот на Америка како САД и НАТО ќе ги заштитат Црна Гора, Македонија и Бугарија, кои го затворија воздушниот простор за авионот од кој Лавров требаше да патува во Србија, според американските медиуми од „руски закани“, Прајс одговори дека „сите три се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка“.

Тој потсети дека вчера се одбележаа петгодишнината од членството на Црна Гора во НАТО, а втората годишнина од членството на Македонија во март.

На почеток