Актуелно

Абазовиќ: Се однесуваме како другите земји кои воведоа санкции кон Русија

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека не треба да има голема драма поради ситуацијата околу забраната за прелет на авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

-Додека се во сила ваквите одлуки, Црна Гора стои на страната на своите партнери и на политиката што е определена кон ЕУ, а ние се однесуваме како другите кои воведоа санкции кон Русија. Не би направил никаква драма од тоа, можеме да го цениме фактот дека некој протестира и постапува поинаку како дел од политичкото размислување на ситуацијата, но оваа ситуација е сосема јасна – изјави Абазовиќ на новинарите по прославата на петгодишнината од Членството на Црна Гора во НАТО.

Абазовиќ додаде дека за тоа имал консултации со министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ, но додаде дека сите министерства се обврзани да спроведуваат санкции.

– Одлуката Црна Гора да биде дел од НАТО беше правилна, а сега кога гледаат што се случува во Украина, свесни се и најголемите скептици – рече Абазовиќ.

На почеток