Актуелно

Вучиќ по откажаната посета на Лавров: Не сум изненаден! Одамна не сум видел ваква хистерија во Европа и напади на мала држава како нашата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако амбасадорот на Русија, Александар Боцан Харченко го информирал дека посетата на министерот за надворешни работи на Русија е откажана, изјави дека не е изненаден.

– Не сум изненаден. Сме зборувале и претходно за да очекувам компликации. Во дел од нашата јавност постои тој скептицизам. Не сакаат да слушнат што им се зборува. Од ден на ден ја следевме состојбата, маршрутите и слично. Се разбира, треба да изразите незадоволство. Незадоволен сум од целокупната атмосфера околу доаѓањето на Сергеј Лавров во Србија. Толку хистерија кон толку мала земја не сум видел долго, долго време. Од нас побараа да го откажеме гостопримството – изјави Вучиќ.

На почеток