Македонија

Се бара притвор за Алабаковски, Спасовски со детали како фатиле дека пејачот го запалил бугарскот клуб

Ламбе Алабаковски ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка. Полицијата бара обвинителот да побара притвор. Ова го обнзани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој кажа дека има несоборливи докази дека Алабаковски го сторил делото.

„Имаше опсежна активност во Битола. Се преземаа многу активности во овој дел. Беа направени многу службени разговори, се прегледа многу видео надзор од повеќе објекти. И на основа на сите овие податоци, податоци, информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. Доцна синоќа по наредба на судот, а предлог на обвинител е направен претрес во домот и во неколку други објекти кои ги користи или се сопственик на сторителот. Пронајдени се облеката и други предмети се доведуваат во врска со кривичното дело. Тоа значи дека имаме несоборливи докази“, рече Спасовски.

Според министерот, овој случај е третиран како сите други. За него, неточни се коментарите дека овој случај најбрзо се расчистил, за разлика од други како што се убиствата во Скопје, пожарите и слично.

„Важно е дека институциите функционираат, тоа е многу важно за граѓаните, државата. Ако сакаме да имаме правда, мора да имаме функционални институции“, додаде Спасовски.

На почеток