„Преку 60 мртви во пожари и ниту еден одговор, Пошта ја запалија и никому ништо – се е промашено во државава“, коментира Мицковски


Новинарот Ивор Мицковски го искоментира случувањата со откривање на виновници за повеќе пожари, узурпирани плацеви, запалената зграда на Македонски пошти. Тој смета дека во Македонија е се утнато.
Неговиот став во целост:
„Преку 60 мртви во пожари, десетици и десетици милиони материјална штета, технички сервиси оставени да работат после докажана хаварија, држени во фиока случаи од страна на одговорни министри, серија на сомнителни пожари во институции и за ослободување на плацови за градење, и ниту еден, еден единствен одговорен.
Абе Пошта ја запалија уништувајќи културно наследство, и никому ништо. За чин кој пред 70 години човек би бил прогласен за народен херој, глумат правна држава и одговорни институции. Лани додека гореше државата и шуми отидоа неповрат си се ладеа на море, а ги немаа оспособено ни тие три ертрактори. Да, никој не треба да зема правда во свои раце, ама разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост. Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти“.
