Руското МНР по забраната за прелет: Земете географска и политичка карта. Најдете ги САД, Европа со Русија, Србија и Брисел


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ја коментираше реакцијата на Стејт департментот за одлуката на земјите од регионот да не дозволат прелетување на Лавров.
Да потсетиме, Црна Гора, Бугарија и Македонија не дозволија да прелета авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат кон Белград.
Стејт департментот соопшти дека тоа се суверени земји кои донеле суверени одлуки за воздушниот простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност „за нападот врз Украина“.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека САД ја повикале „Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската унија, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, пренесе Гласот на Америка.
На тоа реагираше Марија Захарова, која му порача на Прајс: „Земете географска и политичка карта. Најдете ги САД, Европа со Русија, Србија и Брисел. Обидете се да разберете зошто Стејт департментот на САД ја коментира европската агенда. Не функционира? Секој што ќе влезе во ЕУ е лишен од својот европски идентитет, што е предмет на волјата на Вашингтон“.
Сличен став искажа и шефот на руската дипломатија, кој на вонредната прес-конференција во Москва рече дека НАТО и ЕУ ќе кажат дека суверена одлука на тие земји е да се забрани прелетот на неговиот авион и дека на од друга страна истите држави да кажат дека тоа им го кажале од НАТО и ЕУ.
