Фон дер Лајен: Нема да се исплаќаат пари на Полска, додека не завршат реформите во судството
Од
Објавено на
Европската унија нема да ѝ плаќа пари на Полска како дел од поттикот за економско закрепнување од Ковид се додека Варшава не го укине дисциплинскиот режим за судиите и на тој начин повторно не воспостави независно судство, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Полска требаше да има пристап до буџет од 36 милијарди евра за закрепнување.
„Нема да се исплаќаат пари додека не завршат реформите во судството“, рече Фон дер Лајен на пленарната седница на Собранието на ЕУ во Стразбур, пренесе Ројтерс.