Македонија

Ламбе оди во притвор, одлучи судијата од Битола

Според извори од Обвинителството судија на претходна постапка му определил осум дена притвор на Ламбе Алабаковски, осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

На почеток