Актуелно

Собранието работеше до три сабајле, Џафери и ВМРО-ДПМНЕ тераа инат

Активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ на Собранието продолжи. 73 -та седница на Собранието на Република Македонија заврши во 03:00 часот. Тоа значи дека Талат Џафери заедно со пратениците седеа до раните утрински часови.

„Показната вежба им заврши неуспешно, коалицијата СДСМ – ДУИ никогаш не била по работата. И покрај тоа што инсистиравме да продолжиме со работа, Џафери ја прекина седницата бидејќи од мнозинството останаа само тројца (3) пратеници. Ова е само почеток“, напиша пратеникот Бојан Стојаноски.

Седница бр. 74 на Собрание е закажана веќе за денеска.

На почеток