Захарова за спречување на доаѓањето на Лавров во Србија: „Ништо не поминува незабележано“
Русија нема да преземе никакви реципрочни чекори кон земјите кои ја спречија посетата на Сергеј Лавров на Србија, изјави Марија Захарова.
„Русија никогаш нема да направи нешто што дополнително би ги искомплицирало односите меѓу народите, бидејќи тоа го прават западните партнери, а ние ги критикуваме поради тоа, бидејќи сето тоа води кон уништување и напад на сè – од меѓународното право до интересите на луѓето, рече порпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Но, она што можам да го кажам е дека ништо на земјата не поминува незабележано“, заклучи Захарова.
Бугарија, Македонија и Црна Гора го затворија својот воздушен простор на 5-ти јуни за авионот на рускиот министер што требаше да пристигне во Белград, откажувајќи ја посетата закажана за 6-7. јун.
После тоа Лавров изјави дека му е жал за оние земји кои во ситуацијата со неговата посета на Србија всушност му ласкале на Западот.
Ситуацијата околу неговата посета ја нарече незамислива и нечуена.