Македонија

„Ламбе не се оправдува себеси, сам призна дека го сторил делото“, адвокатот на Алабакоски смета дека тој не треба да е во притвор

Адвокат Александар Георгиев бранител на Ламбе Алабакоски за „Канал 5“ кажа дека се спротивставиле на барањето за одредување притвор бидејќи тоа не е казна туку мерка за обезбедување присуство. Според адвокатот, Алабакоски во целост претходно пред јавен обвинител го признал делото, има 34 години, со семејство, татко на две малолетни деца, со приходи во Македонија – обезбедувањето можело да биде и со помалку строги мерки за обезбедување на присуство.

„Со давање на ветување, јавување во судот еднаш неделно, па дури и куќен притвор, депонирање на патна исправа ќе дадеше резултати. Доблесно е она што Обвинителство од старт побара само поради бегство, а не и заради влијание врз сведоци и повторување на делото. Одлуката на судот за притвор е поради двојното државјанство“, објасни адвокатот.

За квалификацијата на делото, не сакаше да коментира.

„Одговорно тврдам дека позади тоа што Ламбе го призна, тоа е негово. Не го оправдувам, ниту тој сам себе се оправдува. Да, со тоа што го направил го исполнува битието на кривичното дело за кое се товари“, додаде адвокатот за „Канал 5“.

На почеток