(Видео) Застрашувашки: Во Битола фатени на лице место две лица кои договриле средба со малолетнички

Од
Објавено на

Застрашувачко видео од лице на возраст од 49-години, кое признава дека договорило средба преку „Фејсбук“ со девојче кое му кажало дека е 14 години, е објавено од неформалната организација „Пантер“. Во видеото, организацијата го обвинува дека е педофил. Тој сам кажува дека е женет човек, кој има и внуци.
„Се каам што се допишувам со малолетнички, ова не ми требаше, ова е најголемата глупост што сум ја направил“, јас сум најголемото ѓубре, вели тој, кој негира дека е педофил, ама признава дека пишувал со девојче кое му рекло дека е 14-годишно дете.
И друго лице договорило средба со 14-годишно дете. Тој пак тврди дека требало да пијат кафе со малолетничката.
