Македонија

(ВИДЕО) Се бара слобода за Ламбе: Тој е македонски херој, крик на бунтовноста

Со патриотски песни, кинење на плакати, говори и транспаренти со натписи „Фашизмот мора да падне, слобода за Ламбе“, се протестираше против одредениот притвор на пејачот кој призна дека го запалил влезот на бугарскиот клуб во Битола. На протестот организиран од Левица пред полициската станица во Битола се викаше: „Слобода за Ламбе“, „Ламбе е херој македонски“.

На други плакати пишуваше: „Земја измачена од клети фашисти“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајлов“. Претставник на младината на Левица имаше и говор на протестот каде кажа: „Денес сме сведоци како бугарската влада дава пари и купува ветер, затоа што народот со пари не се купува. Во овој град, денес гледаме како актуелната власт дозволува да биде отворен културен клуб кој носи име на прокламиран фашист. Да биде уште поголем парадоксот, во центарот на градот присуствуваше и бугарскиот премиер со негова делегација. Тоа доволно зборува за нивните територијални претензии кон Македонија, како во минатото, така и денеска“.

По говорот, сите бараа одново слобода за Ламбе на кого му е одреден притвор од осум дена.

„Се собравме да дадеме поддршка за Ламбе, кој е патриот, наш сограѓанин. Токму реакцијата на Ламбе претставува тоа што сите ние го мислиме и чувствуваме за оживувањето во овој град. Ламбе е крик на бунтовноста и затоа бараме негова слобода“, кажа еден од говорниците.

На почеток