Јакимовски: Сите го истото го мислиме, само Ламбе имаше храброст

Од
Објавено на

Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ посочи дека пејачот Ламбе Алабакоски кој е осомничен и призна дека ја запалил влезната врата на бугарскиот клуб во Битола е херој. Тој посочи дека Ламбе не треба да се даде.
„Ламбе треба ова машки да го издржи, Ламбе е Македонец. Треба да му поддржиме поддршка. Ламбе не сакаме да го дадеме. Сите сме Ламбе. Сите истото го мислиме. Само тој имаше храброст и алал да му е“, кажа Јакимовски.
