Прв случај на мајмунски сипаници во Грција

Од
Објавено на

Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.
Станува збор за пациент кој неодамна патувал во Португалија, пренесува Ројтерс.
Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, извести ЕОДИ.
