Македонија

Денес народот плаќа поскапи горива, затоа што СДСМ и ДУИ не го прифатија законот за намалување на акцизата. Премногу е!, вели опозицијата

„Власта на СДСМ и ДУИ одби предлогот за намалување на акцизите на горивата за 50% со што покажаа дека им е поважно да го полнат буџетот, наместо да им помогнат на граѓаните. Поради СДСМ и ДУИ денес граѓаните плаќаат поскапи горива“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше со намалувањето на акцизите да се намалат горивата за дваесетина денари и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните.

Со предлогот Еуросупер 95 наместо постоечките 110 денари да изнесува 86,3 денари, Еуросупер 98 наместо 112 денари, да изнесува 88,1 денари, а дизелот наместо 102 денари, да изнесува 82 денари.

Дополнително доколку се прифатеше предлогот за 0% ДДВ на основните прехранбени производи , цената веднаш ќе се намалеше за најмалку 5%.

Овие мерки требаше да им помогнат на граѓаните и на нивните семејни буџети да се справат со растечката инфлација и драстичниот пад на стандардот. Власта очигледно е одлепена од реалноста. Тие како да не биле во продавница да видат дека за само неколку месеци сите производи се поскапени и до 100%. Народот вели ситиот гладниот не го верува, па така и владата на СДСМ и ДУИ не ги верува граѓаните кои осиромашуваат секој ден се повеќе со оваа власт.

Затоа мора да кажеме доста е, премногу е!

На почеток