Вистината за животот на Ромите од Шутка, скопјанец сподели сурови детали
Скопјанец на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека живееме во дискриминаторска средина полна со предрасуди. Тој објави дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Шутка.
„”Не ти беше ли страв дека ќе се заразиш?”, ме праша еден пријател кога му кажав дека минатата недела се возев во минибус со 15 Роми од Шуто Оризари до Охрид, каде што поминав преубави три дена со нивната НВО.
“Абе што ќе ги учиш, нив ги бива само за крадење,” продолжи просветлениов.
Не знам колку тие научија од мене, но јас научив дека Абдула завршил машински со просек 9,3 (дел од испитите ги учел во тоалет, додека останатите спиеле), Сеад завршил шумарски и е успешен претприемач, Ибрахим студира медицина…
Научив и дека граѓаните на Шутка плаќаат иста цена за автобуски билети, а добиваат многу полоша услуга. Автобусите 19ка и 20ка се крш во споредба со оние од другите линии – стари, без клима, без редовен сервис (оние новите климатизирани и на метан се резервирани за другите населби кај што живеат луѓе со посветол тен).
Научив дека често автобусите не возат до крајната дестинација и ги оставаат патниците до затворот, на тој начин принудувајќи некои од нив да одат пешки и по четири станици за да стигнат дома.
Научив дека поради нередовноста многу деца не можат на време да стигнат на училиште, а родителите на работа или мораат да дел од скромните плати да ги трошат на такси.
Научив дека жителите на Шутка секојдневно се соочуваат со понижувања и нељубезен однос од страна на шоферите и контолорите на карти само затоа што се Роми.
Научив, односно си потврдив, дека живееме во ужасно дискриминаторска средина полна со предрасуди.
Пријателе, граѓаните на Шутка не се ништо помалку вредни од мене и тебе. Единствената разлика меѓу нив и нас е што немале шанса да растат во исти ислови, во средина каде добиваат ист третман со останатите кои со замислена плава крв
И да не заборавам да одговорам на прашањето, да се заразив. Се заразив со нивниот ведар дух, добрина, посветеност, солидарност… и многу сум им благодарен за тоа“, стои во објавата.