Свет

Пристигна првата реакција на Борис Џонсон за смртната казна за британските затвореници

Британската влада е „длабоко загрижена“ за смртните казни на Ејден Ајслин и Шон Пинер, кои беа заробени додека се бореле на украинската страна, соопшти кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Во соопштението за медиумите, портпаролот на Борис Џонсон рече: „Ние сме длабоко загрижени за ова. Како што кажавме претходно, воените заробеници не треба да се користат за политички цели“.

„Според Женевската конвенција, борците имаат право на имунитет, што значи дека не треба да им се суди за учество во војната“, рече портпаролот на Џонсон.

„Ќе продолжиме да соработуваме со украинските власти и ќе се обидеме да обезбедиме ослободување на британските граѓани кои служеле во украинските вооружени сили и кои сега се воени заробеници“, заклучи тој.

На почеток