Ќе бидат стрелани осудените Британци и Мароканци, пишуваат руските медиуми
Од
Објавено на
Руската прорежимска агенција РИА Новости јавува дека денеска осудените Британци и Мароканци ќе бидат стрелани „во согласност со законите на Народна Република Доњецк“.
Да потсетиме, двајца Британци и еден Мароканец денеска беа осудени на смрт во меѓународно непризнатиот суд на самопрогласената Народна Република Доњецк, чија независност ја признава само Русија.
Според РИА, претседателот на судот рекол дека осудените имаат еден месец за жалба. Дополнително, судијата во изрекувањето на пресудата рече дека Пинер е „признаен како терорист во Обединетото Кралство и се бара поради учество во непријателства во Ирак и Сирија“.