Актуелно

„Почнуваме нова операција, Мицотакис е новиот Зеленски“, стигна аларм Турција

Турскиот експерт за тероризам и безбедност Кошкун Башбуг тврди дека САД ја поддржуваат Грција да изврши притисок врз Турција и нејзините планови во Сирија.

Говорејќи за една турска ТВ станица, тој ја поврза Грција со курдската милитантна партија ПКК, која Тусрка ја смета за терористичка, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го опиша како новиот Зеленски.

Башбуг смета дека Америка игра „разни игри“ во Сирија, а како пион ја користи Грција, која треба да изврши притисок врз Турција, бидејќи се подготвува нова инвазија во Сирија.

„Микотакис е новиот Зеленски, а Грција е новата ПКК. Започнуваме нова операција во северниот дел на Сирија. Токму во срцето на бизнисот“, рече тој.

Според него, САД не гледаат позитивно на таквите турски намери во Сирија и затоа сега можат да ја користат Грција.

На почеток