„За да заштедите излезете на дождот и измијте ја косата“, „Колку кришки леб смееме да јадеме?“, реакции по изјавата на Битиќи
„Аако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
По оваа изјава новинарот Горан Момироски обзнани истражувачки труд, според кој се отвора голем сомнеж за најтежок вид на корупција во врвот на власта, а тоа е трговија со влијание.
„Во едната организација главна е сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, Афродита Муслиу. Додека пак во втората организација е Милинда Рушити Битиќи сопруга на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Со тој проект тие добиваат фантастичен проект од над 600 илјади евра“, заклучи Момироски.
На ова реагираа граѓаните на социјалните мрежи кои прашуваат колку кришки леб треба да јадеме на ден.
Битиќи на сиромаштија ѝ вика скапа е струјата, грејте се зимава на 22 степени, а у меѓувреме брат му на Артан прави 300.000€ профит со туристичката агенција преку која патуваат државни функционери. 😲🤔🙄
— AnaStevano (@StevanoAna) June 9, 2022
Нема веќе по две кришки леб.
Препорака од Битиќи
— Шодер (@Shoeder006) June 9, 2022
па ќе треба да се навикнуваш на пола
— Toto (@realTotoMK) June 9, 2022
Ќе се навикнете зимово на 10 степени во домашни услови и на свеќа. *Фатмир Битиќи
— 🇸🇴🇸🇴ЛилеСтечајката🇸🇴🇸🇴 (@Biktop16) June 9, 2022
Важи друже Битиќи, ние ќе штедиме, ако треба и ќе мрзнеме, само нека има и следниот пат 600 илјади евра за невладините активности 😞😞😞 pic.twitter.com/r0XIXnmef0
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) June 9, 2022
Еве вицепремиерот Битиќи го најде решението за кризава: едноставно треба да не се грееме во зима!
Просто, брилијантно, ефективно! Па ако случајно не е доволно може и да престанеме храна да јадеме
— Stormfire (@TempestOfFlame) June 9, 2022