Македонија

Богоев со нова теорија за палењето на бугарскиот клуб: Обезбедувачот исчезнува кога Алабаковски решава да го запали

Стефан Богоев од СДСМ за „ТВ24“ посочи детали поврзани со обезбедувањето на бугарскиот центар во Битола. Според него, обезбедувачот се тргнал од објектот токму во моментот кога Ламбе Алабаковски го запалил. Тој постави низа прашања, на кои кажа дека ги знае одговорите, но не ги кажа пред јавноста.

„Проверете која и чија е агенцијата за обезбедување најмена во центарот ‘Ванчо Михајлов’ да го чува, дали сопственичката структура е блиску поврзана со луѓе поранешни и сегашни активисти на ВМРО-ДПМНЕ, зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот, каква е конекцијата на Алабаковски, фамилијарно со разузнавачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и проверете испитајте два дена пред пожарот кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола и дали има никаква поврзаност тоа со агенцијата за обезбедување која магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот. А од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, кажа Богоев.

И покрај инсистирање на водителката и соговорниците да даде одговори, тој не кажа кои се одговорите.

На почеток