Свет

Два силни земјотреси ја погодија Кина

Два земјотреси со јачина од 6 и 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија провинцијата Сечуан во југозападна Кина, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на првиот земјотрес со јачина од 6 степени бил на длабочина од 13 километри, а на вториот со јачина од 5,8 степени на длабочина од 10 километри, пренесува РИА Новости.

Властите испратија група спасувачи и пожарникари во областа на земјотресот. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Провинцијата Сечуан е една од најтурбулентните области во Кина.

На почеток