Скопје

ФОТО: Прокисна тераса на кафуле во скопски трговски центар

Кафулиња во скопски трговски центар прокиснаа од поројните дождови кои вечерва го зафатија главниот град. Тендите поставени на времените летни тераси не беа доволни силни за да го издржат интензитетот на дождот и невремето. Па така, наместо водата да се слева надвор од објектите, таа ги накисна гостите.

„Од страните врнеше буквално врз масите, а од средината течеше како чешма“, објаснуваат гости во еден од локалите.

Невремето го зафати скоро цело Скопје. Почна од Аеродорм, па продолжи кон Карпош и Ѓорче Петров. Улиците беа преплавени со вода.

На почеток