Спорт

(ФОТО) Делови од Македонија на знаме од “голема Аллбанија” во Тирана, навивачите дадоа „беса“ дека ќе се реализира

Скандалозна кореографија синоќа истакнаа навивачите на Албанија на стадионот во Тирана пред пресметката на западниот сосед против Израел во поразот со 1-2, па повторно темата „Голема Албанија“ беше мотив на џиновското знаме преку еден дел од трибината.

Албанските навивачи ја покажаа кореографијата за која дадоа „беса“ дека ќе се реализира, а на истата беше нацртан човек кој слуша вести за проектот со обединувањето на сите албански земји, во кои влегуваат делови од Македонија, Црна Гора, Грција, како и Србија сосе Косово.

На почеток