Исчезнатата Лидија Трајковска е починатата жена пронајдена во водите на Вардар

Од
Објавено на

Телото на жената, кое минатата недела беше извлечено од водите реката Вардар кај селото Таор, Зелениково, е на исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска.
Трајковска од семејството беше пријавена за исчезната на 8 ноември 2024 година. Последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери, каде и живееше.
Потрагата по исчезнатата жена траеше два месеци, а нејзиниот брат и сестра бараа и меѓународна помош за да ја пронајдат.
