Македонија

УПОЗ: Опозицијата да не лови поени на синдикалните барања

И денеска продолжија протестите на дел од вработените во јавниот сектор. Тие остануваат на своето барање за раст на платите од 30% за дел од јавниот сектор кој до сега не успеал да потпише колективен договор.

Бараат и од власта и од опозицијата да се откажат од обидите да му дадат политичка нота на протестот.

Побараа актуелната опозиција да не се лепи и да не лови политички поени на нивниот протест, бидејќи како што рече претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, имаале седум години да го решат проблемот, но, направијале се што можат да го забранат колективното договарање.

На актуелната власт за тврдењето дека се политички инструирани и одговорија дека ги помешала со некој друг Синдикат.Потсетија дрка УПОЗ само во 2022, 2023 и 2024 година, има организирано три штрајка, најмалку 20 протести, од кој на протестот во месец декември 2023 година, над 5000 вработени од управата и правосудството излегоа на улица.

На почеток