Македонија

„Ем шуто ем боде“, вака СДСМ го правда Ковачевски за понижувањето на Македонија, смета опозицијата

„Ем шуто ем боде“, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ. Тие додаваат: „Бидејќи така со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање. Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда. Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев. Срамно е што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија. Ковчевски и СДСМ се срам за Македонија. Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија“.

Претходно, од СДСМ изјавија: „Извртување иронични ставови нема да и помогне на ВМРО ДПМНЕ која прифати Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија. ВМРО ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава. Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ. Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“.

На почеток