Актуелно

Земјотрес во Бар

Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, половина час по полноќ регистрираше помал земјотрес со епицентар во областа на населбата Шушањ во Бар.

На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија е објавено дека јачината во епицентарот била 3,4 степени според Рихтеровата скала, пренесува РТЦГ. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

„Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на епицентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, соопшти Институтот за сеизмологија.

На почеток