Свет

Кина: Санкциите против Москва не можат да придонесат за решавање на кризата

Кинеската влада не е заинтересирана за конфликтот во Украина, но во исто време не верува дека санкциите против Москва можат да придонесат за решавање на кризата.

Ова го изјави министерот за одбрана Веи Фенге во Сингапур.

„Конфликтот или војната се последните работи што Кина би сакала да ги види во Украина. Во исто време, не веруваме дека максималниот притисок или санкциите можат да го решат проблемот. Тие можат да предизвикаат поголеми тензии и да го влошат проблемот“, рече Веи, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека Кина никогаш не и пружила материјална помош на Русија во врска со кризата во Украина.

На почеток