Свет

Пожар во Бар, центарот на градот во чад

Во близина на Земјоделското училиште во Бар попладнево избувна пожар, а поради силниот ветер целиот центар на градот е во чад.

На терен има голем број противпожарни возила, но гаснењето на пожарот го отежнува ветерот, пишува подгорички Вијести.

Пожарот, кој избувна околу 17 часот и 15 минути, зафатил поголема површина со трева и ниска вегетација, јавува порталот Приморски, а пренесува ЦДМ.

На терен е и полиција.

На почеток