Поранешен британски војник загина во борбите во Северодонецк
„Скај њуз“ во неделата објави дека поранешниот британски војник Џордан Гетли загинал во битките за Северодонецк.
Неговиот татко Дин изјави на „Фејсбук“ дека Џордан бил во британската армија до март, кога „по внимателно разгледување… отишол во Украина да помогне“.
„Вчера, 10 јуни, ја добивме погубната вест дека нашиот син Џордан е убиен во градот Северодонецк во Украина“, напиша Дин во објавата.
„Џордан и неговата единица беа многу горди на работата што ја работеа и често ми велеше дека мисиите во кои одат се опасни, но неопходни. Тој ја сакаше својата работа и ние сме многу горди на него. Тој беше вистински херој и ќе остане во нашите срца засекогаш“.