Магазин

(ВИДЕО) Принцот Хари падна од коњ, а не му е прв пат

Принцот Хари падна од коњот додека играше поло во Калифорнија.

37-годишниот татко на две деца се превртел, но застанал на нозе за да ја продолжи играта во поло и тенискиот клуб во Санта Барбара.

Драматичните слики покажуваат дека војводата од Сасекс е фрлен на земја додека други играчи на поло му приоѓаат за да ја проверат неговата состојба.

Според британските медиуми, Хари клекнал на колена пред да продолжи да си игра со друг коњ.

Ова не е првпат Хари да падне од коњот, бидејќи истото му се случило во 2015 година за време на хуманитарната игра, која ја снимиле камерите.

На почеток